Него го употребуваше и МНЛД и Македонската колонија во Петроград, а во наше време го прифатија и истакнати слависти.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Оттука е јасно оти ако новото течење и не добие некаква поддршка од многубројната интелигентна македонска колонија во Бугарија, пак ќе се развива, само ќе се развива веќе како течење насочено специјално против бугарските интереси во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На почетокот, додека таа и Милан живееја во имигрантската колонија во градот, таа држеше пансион, се грижеше за имигрантите кога беа болни, им ја крпеше облеката и им ги переше алиштата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На книжевната колонија во езерското летувалиште Б., богата со симпозиумски задоволства (полна софра + лежерни разговори + прошетки низ еколошки чиста природа), повторно се гледам со една жена, да ја наречеме Надица, писателка што со децении живее во Париз.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ми заличи на актерка што во филмот носи маска на постар лик.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Европската колонија во Солун ја притискал стравот од нови динамитни атентати, а особено од репресалиите што во таков случај би можеле да се очекуваат од муслиманите и од Евреите - староседелци, коишто наводната европска толеранција кон револуционерите ја сметале за причина што гемиџиите се осмелиле да ги извршат атентатите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Значи, ако и ние се лажеме во претпоставката оти националниот сепаратизам ќе биде поддржан од комитетите, од Организацијата и од македонската интелигентна колонија во Бугарија, тогаш, и во таков случај, доста е една силна српска пропаганда во Македонија за да земе најголеми размери националниот сепаратизам.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во сликарската колонија во „Монмартр“ има многу југословенски сликари кои живеат од продажба на свои слики на странци а најмногу на Американци и на Англичани.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)