колона (имн.) - од (предл.)

Тоа беа офанзиви над народната војска, над жени и деца, над старци, над куќи и кошари, над добиток, офанзиви над момински и невестински ковчези. Заедно со војската која што отстапуеше од селата во планините бранејќи ја секоја попалена куќа и плевна - се точеа колони од испиени, но непокорни лица.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Утре, на 12 овој месец, поручек ќе мине една колона од автомобили со храна и муниција од Кичево за Струга.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Му се чинеше, всушност, дека ја гледа евразиската армија како надоаѓа преку досега никогаш не прегазената граница и продира кон врвот на Африка, како колона од мравки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Другите три се однесуваа на рутински прашања, иако втората веројатно ќе бара извесна здодевна проверка на колони од бројки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)