- Не се тргам, гороломнику. Јаков ќе те пречекори издупчен, тоа ќе го стори Јаков, ако сакаш да знаеш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потем на коленици се довлечкал до браќа си, преколнувајќи ги да се смилуваат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Иако тежок на чекор, навидум дури и истоштен, Јаков Иконописец не можел да биде слаб во рацете додека со опнати коленици се подавал напред со вилата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој со болка во влажните дланки и колениците се исправи од калдрмата, и потрча не сфаќајки уште дека не е ранет и дека само се лизнал.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сѐ, што можеше да донесе во својата собичка, беше една китка брст, што ја накрши кога сети на своето срнче, и една лута болка во сите зглобови, во сите глуждови, од која што колениците се превиткуваа сами.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)