кола (имн.) - бев (гл.)

Крцкањето на претоварената кола беше болно и предизвикано од разните триења на дрво и железо од кој беше направена колата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Патот беше искривен, колата беше исто така искривена, затоа што левите дрвени тркала беа на една погорна тесна патека, додека десните лежеа на долната патека.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пред врата силуваното комшиско: Добро утро. (Како ли ќе ги поздравам на враќање?) Колата беше паркирана под газот на татко ми.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
А пешачењето за него беше само начин да дојде до местото каде што колата беше паркирана.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Еј, Спиро“, се сврте кон мене со тил. „Ти си носел со кираџии железо од овој крај. Далеку ли сме од селото на свети Гаврил Лесновски?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега зад колата беа две глави на кол. Со љубопитност гледаа една во друга.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не само пазачите мораа да одат пешки, ами и другите осумнаесет не можеа да јаваат на шесте коли, бидејќи колите беа натоварени со пљачки од пешаците, a речиси, сите беа пешаци, освен буљукбашијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога ја токмеше за пат, Боге забележа дека освен бензин нема ни масло, а инаку колата беше токму, тапацирот на седиштата беше на место: фино некое друштво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)