И кога дедот Стале го скрши и ова кандило за да го свети Илија пак да седи во темница седум дена, тој побрза и ноќта ја „доведе“ лисицата пред манастирската порта и тука, „потфатена“ од сите четири нозе, ја налегнаа пците и со кожата ги плати кокошките, а дедот Стале му нареди на Стојка да кладе веднаш чаша во кандилото и да му го запали рано пред вечер, оти свршил работа, го накажал арамијата што ги украде кокошките.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јашмакот се колнеше во чеканот и калапите што го хранат; Милан куманџијата — во дувалото што го дува огнот за да се стопи среброто со кое ги посребрува павтите и скопците; Рампо чешларот — во биволските рогови од кои ги прави чешлите; Желче — во сите свои деца, макар да ја немаше уште видено мајка им; Даме кожуварот — во сите јагниња и брави, од чии кожи ги правеше кожувите, а Мамуд ковачот — во чеканот и наковалната, на кои ги шерпаше клинците и плочите за свадбарските коњи и магариња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Максим размислува: Глувиот Џокоски, восоко и силно човечиште, и глуво и немо но многу изитрено и вооружено со примки и секири лови низ шумата ѕверови чии кожи ги продава на пазар во Прилеп, но тој не јава коњ, секогаш оди пеша.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Јас заради мојата кожа ги викам, Утре ќе дојдат корофилаците, ти ќе кажеш за нив и јас отидов. За тебе да не зборувам.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тоа се електронски системи, чиишто импулси кожата ги преведува во чувство на допир.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Згора на тоа, турската влада, којашто многу малку водела грижа за развитокот на стопанството на своите поданици, имајќи голема потреба од пари, кожите ги обложила со 12 проценти извозна царина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Уште на погребот ми запре погледот на нејзиното широко, питомо, паметно лице, а сега, одблизу, на неговата белорозова кожа ги видов овде-онде расфрланите пеги што ги потенцираше црвеникавиот отсјај на нејзината коса. Таа беше тивка природа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ужива да се наводенува и капките што паѓаат врз нејзината кожа ги прогласува за божества.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Со мојава кожа ги топлам. Пак ништо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)