Татко, во еден период, следејќи ги имагинарните кодови на својата библиотека, низ променетиот распоред на книгите, особено низ метафоричното патување на јагулите, од Езерото, преку реката, до Океанот, до далечните брегови на Америка и обратно, замислуваше среќно патување за семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татковата библиотека беше вистински храм на тишината, негова градина на тишината, чиј таен код на неговиот живот и на животот на семејството, најуверливо можеше да го толкува само Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со менување на кодот на верата и јазикот, односно со промената на душата, а идните борци во служба на Империјата, јаничаризмот ќе одигра посебна улога во балканското проклетство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Постоеше систем на поврзаност на овие записи со татковите книги во рафтовите на библиотеката, некаква осмозна алхемија чии тајни таткото, господарот на својата библиотека ги однесе со себе, но остави доволно за разгатка за тие што би имале моќ да ги откријат тајните кодови на неговата митска библиотека...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој почувствува дека се најде на свој терен, па супериорно продолжи: - Да, мој пријателе, појавата на јазиците и натаму останува енигма за науката и лингвистите кои се поделени за нивното потекло, но генерално се прифаќа дека способноста за зборување на човекот започнува пред два милиони и двесте илјади години според генетичкиот код на Homo habilis.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајка не можеше да ја протолкува оваа Таткова наклоност кон проучувањето на јагулите, на нивниот пат, на нивниот код на сеќавање, на нивното прастаро жителство во Езерото, на тајните на нивното заминување, на нивната поврзаност со судбината на луѓето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Овој отомански дел на Балканот му се чинеше како клет Вавилон во кој луѓето не само што го загубиле заедничкиот јазик туку останале и без кодовите на меѓусебното разбирање, кодовите на генерациските поврзувања и разделувања, поради промената на Бога, поради преселбите, идеологиите, фрактурите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Како што веќе спомнавме, голем дел од спознавнотеоретските напори произлегува од обидот нумеричките кодови на светот да ги направиме адекватни и да пронајдеме сѐ попрефинети и поелегантни математички методи. Margina #19-20 [1995] | okno.mk 111
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)