Тогаш му цитирав една мисла на Егон Ервин Киш од далечната 1913 г.; сега ќе ја повторам, бидејќи мислам дека добро ќе му дојде секому кој ќе се најде во толпа Балканци којашто пијана од евтина евролатрија ја привикува Европа во оној ист ритуален код во кој домородците во сушните периоди привикуваат дожд.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Маргина 37 175 6 Со ова оди и усмерувањето на погледот кон оние нешта од кои погледот обично се свртува, некоја фројдовска „присила на повторување“, како на непријатните појави во општеството, коишто, инаку, се потиснуваат поради идеолошкиот конформизам (оттаму и социјално ангажираниот британски филм), така и непријатните телесни појави кои се потиснуваат заради естетскиот конформизам (оттаму реестетизацијата на органското како во филмовите на Питер Гринавеј).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)