книжарница (имн.) - на (предл.)

Беа тоа наши комшии, наши познајници, муштерии во книжарницата на татко ми, кој веќе не сакаше да оди в дуќан и сосем се повлече во себе, па и онака не многу разговорлив, дозамолча.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со еден колега, продолжувајќи ја прошетката, се оддалечуваа од излогот на книжарницата на издавачкото претпријатие „Култура“, во центарот на Скопје.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во книжарницата на плоштад се распрашав за една од книгите мои необјавени.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)