Овој дел од книгата всушност е полемички, аналитичен одговор на пишувањето на српскиот универзитетски професор, дипломат и државник Милован Ѓ.Миловановиќ /1863-1912/ во неговиот труд „Срби и Бугари” /„Дело”, Белград, 1898/, во кое се вели: „Ни историјата, ни етнографијата, ни географијата воопшто не му стојат на пат на решавањето на македонското прашање помеѓу Србите и Бугарите на начин што единствено им одговара на вистинските, добро разбраните интереси и на Србите и на Бугарите, а тоа ќе рече според вистинските животни потреби на Србија и на Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Г. С.: ...читателите на преводот на македонски јазик се во посебна предност пред,, да речеме, читателите на оригиналот, затоа што според Д.Х. оваа книга всушност и нема оригинал во вообичаената смисла на зборот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)