книга (имн.) - чиј (зам.)

Доцна во ноќта, ми се случува понекогаш да помислам дека тој е наведнат врз една од овие книги чиј главен лик останува овој мудрец, кој исто така, е предаден на незавршени ноќни читања.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Набргу продрев во малата тајна - Татковата библиотека во којашто тој ги криеше книгите чии пораки се судираа со новите идеологии на Балканот и чие натамошно чување можело да биде опасно за семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Денес, тој е средовечен човек, уредно облечен, испеглан, намирисан, понекогаш ми се жали на несоница, особено кога пишува книга чија содржина го вознемирува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас ништо не знам за трговијата со книги, но од малкуто што го читам, го слушам, ме прави вчудовидена.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Истоветна лузна каква што носеше Тој на челото - ѝ изгреба и на секирата уверен дека лузните нанесени од честа не се грди, па продолжуваше сам низ планината листајќи ја како недочитана книга чиј јазик го разбираше само - Тој.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)