книга (имн.) - кој (зам.)

Јас верувам дека оваа голема култура на Балканот, во книгата на Старова таа е симболизирана преку Таткото, главниот лик во книгата кој е воедно, и интелектуалец и ерудит и мудрец.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нашите познавања се збогатуваат со откривањето на Луан Старова, оригинален и привлечен романсиер, автор на една книга која не личи на ниту една друга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го сакав Дали заради остриот изглед на неговата архитектура - Кирико е многу сличен - долги сенки, бескрајна далечина, линии кои се собираат во перспектива...лица без облици.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
•Во книгата која ви ја посветија Вам, Ерик Ромер и Клод Шаброл говорат дека Вашата прва идеја била од Опседнат да направите многу пооткачен филм; на пример, директорот на клиниката требало на табанот да го има истетовирано Христовото распетие, за да го гази на секој чекор, бидејќи тој бил голем покровител на црните миси, итн...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа се исто толку објектите со својот емоционален набој, колку и контекстот во кој се сместени, колку и значењата на фотографиите, текстовите, книгите кои ја пренесуваат тајната.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Репродуцирана автентичност е прекрасно заокружена уметничка книга која содржи пет слики од Дејвид Б’рн и четворица други уметници што беа конвертирани (сликите!) на 8/1/2х11 инчни слики емитувани од Њујорк во Токио преку телефонска линија со факс.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сигурно ви се познати оние петпарачки психолошки книги кои се лесни за читање и пропагираат позитивни мисли и моќта на потсвеста.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Оние дела кои се занимаваат со критика на капиталистичката демократија нема да може да ги најдете у универзитетските библиотеки, но затоа ако отидете на тезга може да снабдите десетина книги кои ќе ви бидат доволни да ја разоткриете правата вистина и кои вредат повеќе од тоа да сте завршиле 3 факултета.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Г.С.: Гениј! Во раце сум ја држел книгата која Хофстетер му ја посвети на мојот професор од Бугарија! Какво чувство!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но, сега, Татковото присуство, неговата егзотична појава, откако ги вознемири партиските власти, поради неговиот непартиски статус, ги збунуваше муслиманските верници, токму поради спротивното, сметајќи го Татко за партиски функционер, дојден со некаква итрина, да ги лиши нив од светите книги кои, еве, со векови, не ги допрела човечка рака.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кадилакот означува и каза калауз - клуч кој отвара секакви брави катл-фермен - наредба за нечие погубување Коран и Куран - религиозна книга која го содржи верското учење на Мухамед, основен извор на исламот и на исламските закони, муслиманско Свето писмо курбан - жртва курназ - итар, дрзок, надуен куртул - спас
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка, кога ќе останеше сама, продолжуваше упорно да ги чита светите книги кои беа наредени во средишниот рафт на библиотеката.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овие книги, толку пати спасувани низ сите наши балкански селидби, книги кои нѐ спасуваа според верувањето на Мајка, по падови на империи, војни, пожари, селидби, завршуваа како последен мост, како последен тесен премин кон близината во која вечнееше Татко.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пишува две книги кои никогаш нема да бидат објавени.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Преку Викторија и Силвина Окампо се запознава со Адолфо Биој Касарес, кој тогаш имал 17 години.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во Италија е придвижена “Вавилонската библиотека” посветена на фантастиката, а ја уредува Борхес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Умира неговата мајка Леонор Асеведо на 99 години.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1921. Враќање во Буенос Аирес. Борхес се одушевува со повторното откривање на својот град.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Излегува поетската книга Длабока ружа, книгата на предговори и есеи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го основа ѕидниот весник Prizma. Го пишува „Манифестот на ултраистите“ објавен во списанието Nosotros.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1975. Излегува Песочната книга која содржи 13 раскази.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Помеѓу него и Борхес се воспоставува трајно и искрено пријателство и долгогодишна соработка; заедно ќе напишат бројни книги. 1931. член е на уредувачкиот одбор на списанието Sur (Југ) основано од Викторија Окампо и кое ќе има големо влијание во хиспаноамериканскиот културен живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1926. Уште една книга која никогаш веќе нема да се објави со негова дозвола: Обемот на мојата надеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ги запознава значајните шпански писатели Ортега и Гасет, Хименес, критичарот Гиљермо де Торе кој ќе се ожени со сестрата на Борхес, Нора.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1930. Ја објавува книгата Еваристо Кариего, есеј за народниот поет од предградијата на Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Му телефонирав на професорот, веднаш честитајќи му на извонредниот критичарски усет и прекрасниот стил во неговата најнова книга која, патем речено, ја немав ни видено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ете, неколку стихови од Буковски, кого инаку премногу не го сакам, случајно пронајдени на страниците на едно правливо списание, станаа ненаден, но очекуван завршеток на книгата која сега чека во фиоката на издавачот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Додека ѝ кажував зошто Зигмунд не доаѓа повеќе, Сара гледаше во своите прсти, а потоа раката ја стави под перницата на својот кревет, и оттаму ја изваде книгата која брат ми ѝ ја беше подарил неколку месеци пред тоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш имала шеснаесет години, и мајка ѝ ги запалила сите алишта и сите книги кои таа ги донела со себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го знаев тој нејзин обичај – да сонува на книгите кои најмногу ги сака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас слушав со внимание, Мина зборуваше, останатите јадеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во домот на брат ми вратата ни ја отвори Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Оваа книга ти ми ја даде оној ден кога шетавме по паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мина се обидуваше да ми раскаже за успесите што ги постигнал брат ми додека јас бев отсутна, а кои тој не ги спомнуваше кога ме посетуваше во Гнездо; таа зборуваше за неговите книги кои на читателите засекогаш им го менувале сфаќањето за човекот, за неговата работа со пациентите, за неговата универзитетска кариера, за основањето на психоаналитичкото здружение.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога би ги видел тие нешта како низ матно стакло, можеби и би можел да се сети дека некогаш го живеел тој живот, но за него неговото минато е во потполн мрак, или пак во овој миг тој е во мракот, и светлината во која трепери неговото минато само го заслепува, место да му овозможи подобро да гледа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Исто без збор му ја враќав кога ќе ја прочитав, и чекав да ми донесе друга.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На лицето на синот може да се види дека за него сѐ е бескрајно далеку, сѐ е како од некој минат живот, од некој туѓ живот – книгите кои ги напишал, разговорите кои ги водел, сеќавањата на деновите кои ги проживеал и ноќите кои не ги преспал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се обидуваше да ми помогне да ги разберам Хегел и Шопенхауер, а јас му раскажував за она што го читав од Платон, чии дела му беа познати посредно, преку она што Џон Стјуарт Мил го имаше напишано за него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега Клара беше посветена на идејата да ги освести жените дека самите ќе мораат да се изборат за она што им припаѓа: сама изработуваше плакати на кои пишуваше дека образованието на девојчињата не треба да биде подготовка за улога на домаќинка туку да биде образование кое ќе им овозможи самостојност, и ги лепеше на фасадите на училиштата; бараше сопругите да имаат право да побараат развод; организираше групи кои бараа жените да имаат право на глас, а политичките партии ја пријавуваа во полиција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во паузите меѓу читањата разговаравме, и брат ми, ако го имаше читано она што јас во тој миг го читав, ми помагаше во разбирање на несфатеното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш тој ќе препрочиташе некоја од книгите кои ми ги препорачуваше – ги сакаше Софокле, Шекспир, Гете и Сервантес; од мене бараше да не ги читам Балзак и Флобер, затоа што биле полни со неморалности; Достоевски, кого тукушто го откриваше, ми го забрануваше затоа што бил полн со мрачни мисли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зедовме малечок подарок, книга која мислевме дека ќе му се допадне, и тргнавме кон Берггасе број 19.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара ги тргна рацете од книгата која лежеше на нејзините гради, ја зеде и му ја подаде на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми читаше книги кои ги изучуваа на медицинскиот факултет, а јас се обидував да разберам некое философско дело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара полека се наведна и, иако седеше, мислев дека ќе падне, ќе се струполи на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зигмунд одвреме – навреме, скоро без збор, ќе ми дадеше некоја книга која од гимназиската библиотека ја позајмуваше за мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бидејќи ние знаеме дека е книгата истовремено напишана и ненапишана, со белези на дамнина, претпоставуваме дека Рибоокиот или сака да ја украде книгата која од дамнина постои, или да го спречи појавувањето на книгата за дамнината, која допрва ќе настане, или обете нешто наеднаш.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Враќајќи се од своето прво истражување на околината, треперејќи од збунетост, глад и необично брзото стемнување на крајот од необично долгиот ден, во дворот на замокот виде како момче со темна кожа и блескава како старо седло, гол од половината до црните локни залепени од потта, поубав од ѓаволот во книгата која никогаш не ја видел, носи полни раце ронливи и шушкави струготини, ги реди и ги пали, а потоа покриен со синилото на мракот, со позлатено лице и гради на кои потта врие и ‘рти во чад, со празните раце го фрла својот ден на клада.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Чудно е што во моментот на комплетирање на оваа теорија ја дофатив токму оваа негова книга која долги години само фаќаше прашина на еден од рафтовите во мојот дом.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така кажува библијата, куранот и сите други религиски книги кои се од несатанистичка природа, живеам во третиот свет, поредок на хаосот. Време на немири.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Според видените книги повеќе можеше да се здобијам со впечатокот дека се наоѓам кај професор по француска книжевност, колега, отколку кај врвен познавач на палестинското движење и на состојбите на Блискиот Исток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми олесна кога ги видов овие две познати книги кои ми беа блиски и по мојата иницијална и постојана професија како професор по француска книжевност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И речиси во секој премин на цивилизатори или варвари не престанало да се убива, да се масакрира, да се владее...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обично кога патував, а не возев самиот понесував по некоја книга која во тој период ги пленеше моите мисли.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко имаше во својата библиотека повеќе книги кои се однесуваа на Евреите и еврејството, беше обземен од нивниот повеќемилениумски егзил, од нивните апокалиптични страдања, посебно од инквизицијата, холокаустот и невините повеќемилионски жртви во концентрациските логори на смртта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му покажа една таква книга која Климент Камилски ја чувствуваше како жива.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кога тој го слушаше Климент Камилски како со одбрани патетични зборови зборува дека постои книга која треба да биде центар на библиотеката во систем околу кој гравитираат значењата на другите книги, како книга во другите книги, тој во себе наоѓаше убедлива потврда за моќта на својата теза за посебноста на секој поредок книги во сечија библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XV Долго време Климент Камилски и Татко до доцна во ноќите, но неретко и до утрини, во нивната стратегија за спасувањето на детето на Балканот, односно и нивните чеда и потомци, по задлабоченото и меѓусебно реферирање за книгите кои беа донесени од Париз за балканските јазици и јаничарството, не можеа конечно да се согласат која тема од овие две ќе биде приоритетна во нивното разгледување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој им кажуваше на Армен и Алиса за десетиците книги кои ги купил овде и ги понел со себе на шпанските боишта, некои ги изгубил, други ги сочувалзачувал, носејќи ги на Балканот, пред почнувањето на Втората светска војна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На заминување Климент Камилски му остави на Татко две книги кои му ги донесе од Париз без да му бидат порачани, а тоа беа романите на францускиот класик Гистав Флобер Bouvard et Pécuchet (Париз, 1881) и Salambo (Париз, 1862).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Собата беше истата, непроменета, со рафтови за книгите кои на времето на своја сметка ги постави Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Угледни посетители на книжарницата велеле дека овде владеела вистинска мистерија, каде што можела да се најде книга која повеќе не постоела!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И самиот Климент Камилски може да се рече дека имаше судбина на балкански Дон Кихот во однос на своите забранети книги кои вешто ги криеше во својата библиотека, уште во периодот кога му беше мил на повоениот период и кога беше високо вреднувано неговото доброволно учество во Граѓанската војна во Шпанија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во кујната го очекуваше миризбата на свареното кафе и појадокот, трпеливата сопруга, која ја разбираше и поднесуваше необичната внесеност на својот сопруг во своите книги, кој за среќа се врати жив и здрав од Голи Оток, со нескршен морал крај своите книги кои единствено отсекогаш го прифаќаа и разбираа, кога беше од сите отфрлен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко долго време ги проучуваше Тората и Кабалата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Речиси и никогаш не прашував за цената кога купував нови и необични книги кои, ако не ги купев во мигот, повеќе никогаш не ќе ги видев.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше книги кои не можеа да влезат во рафтовите и тој одново започнуваше да ги средува, небаре веруваше дека книгите ќе ги прифатат неговите молби, ќе се притиснат една до друга оставајќи место за другите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Револуционери кои станувале владетели во своите земји, нобеловци, славни писатели биле наши пријатели, пријатели на бараните книги кои секогаш успешно им ги наоѓавме коментира Армен Самуелиан, творецот на Источната библиотека, кој беше познат по својот толерантен однос кон книгите од сите режими и од сите источни краишта на светот од Балканот до Блискиот и Далечниот Исток, до Кина и Јапонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој беше обземен со синдромот да ја има книгата, секоја книга која го пленеше сакаше да ја види, да ја поседува, додека читањето го одложуваше за други времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Има овде книги кои не се продаваат, туку се предаваат за натамошен живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше вистински волшебник да ја најде дури и книгата која не постои.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој, кутриот, се најде на проклетиот гол остров и покрај тоа што книгите кои се однесуваа на Русија, Советскиот Сојуз, Ленин, Сталин и други добро ги скри: некои ги закопа во сандаци под земја во дворот, а другите, најопасните, убаво ги заѕида во самата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сонував дека овде ќе се вратам, да ги побарам вистинските книги, книгите кои му се потребни на Балканот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но кога Камилски се врати од Голи Оток, од тајното скривалиште, и покрај тоа што токму поради нив некогаш настрада, извади дел од книгите кои се однесуваа на Октомвриската револуција и педагошката мисла и во него ги ставаше ретките пијалаци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така Камилски во последните денови од престојот во хотелот, во својата соба 17, имаше свој тунел меѓу своите книги кој му овозможуваше да преживее нормално до крајот од својот престој во хотелот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се погледна на малиот дел од огледалото, другиот беше зафатен од книгите кои, се чинеше, веќе се движат низ собата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Влегоа во црквата и попот запиша во книгата кој ја изградил оградата и која година, и одржа благодарно слово за Цветко и жена му молитвувајќи ги да им даде господ што им срце сака да и го врати синот жив и здрав.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се случуваше, во ноќта, со жолтата ламба оставена да свети, да се разбуди, да продолжи да ја прелистува книгата која ја имаше оставено отворена пред да заспие.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа беа книги кои, според Татковата философија на опстанокот, го затвораа излезот кон светот во одредени периоди, кога превладуваа значењата на други книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многу години по Татковото заминување, кога ќе светнеше жолтата ламба среде татковите книги, ние верувавме дека Татковата душа е тука, крај неговите книги кои таинствено, во долгите ноќи, продолжуваше да ги прелистува Мајка... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој сега беше најмногу со своите книги кои ги носеше сиот живот со себе, минувајќи со нив низ империи и војни, низ забрани и прогонства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Под душемето на чардакот имаше едно скришно место во кое ги криеше книгите кои можеа да бидат забранет и да му донесат несреќа на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Треба да се споменат и две понови книги кои не расправаат исклучиво за филмовите на Хичкок, туку донесуваат продлабочени анализи на одредени аспекти на неговото дело, кои денес станаа речиси неизбечни референци: PASCAL BONITZER, Le champ aveugle, Caiers du cinéma / Gallimard, Paris 1982.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така, читајќи ги тие книги кои му стануваа интересни, се соживуваше со нив, одлутуваше во оној друг свет, постепено забораваше на фронтот и не добиваше напади.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Најчесто тоа го правел преку книги кои му биле препорачувани, а изборот го вршел самиот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јimаginе que cette rgiоn, о vous avez pu entreprendre la rdасtiоn de votre livre, doit vous rappeler de bons souvenirs. Or, il se trouve que јhаbitе, plusieurs mois par an, dans les environs de Frјuѕ, la campagne, et donc pas trѕ loin dАrlеѕ. Et сеѕt un rеl plaisir pour moi de vous envoyer, diсi, certaines odeurs et saveurs саrасtriѕtiquеѕ qui, je lеѕрrе, ranimeront pour vous ces bons souvenirs.* Bien cordialement vous. Hlnе Lejbowicz *IMAGES LUMIERES Provence. Tous les chemins mnеnt en Provence. Mais en cette рriоdе de lаnnе la lavande n'est pas tout fait fleurie. En еѕрrаnt que tout arrivera bon port!!! H.L. VII Има книги кои никогаш не завршуваат само во вас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Понекогаш му носев книги кои самиот не стигнував да ги читам а сакав да го имам неговото мислење за нив, да ми ги потцртува со молив позначајните места.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се зачудив од содржината на книгите која делуваше интересно, а за мене во минатото правото беше шаблон за нешто многу тешко и многу научно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)