Дури сега, книгите можеа да се распоредат според количината на пепелта и според релјефот на Татковиот немирен егзил.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ти заблазнувам, му вели на Јосифа, ти секакви книги можеш да читаш.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Камилски често му велеше на Татко дека една книга може да спаси од друга книга!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко му тврдеше категорично на Климент Камилски дека една погрешно ставена книга може да влијае на целиот систем, односно на автентичноста и пробивноста на идејата, може дури да го загрози целиот поредок во библиотеката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сега жалеше што со себе не понесе и некоја книга, некој учебник, со нив полесно ќе му поминуваше времето, книгата можеше да му биде другар во долгите часови на осаменост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но со поширока поддршка од страна на издавачот книгите можеа лесно да бидат продавани во поголеми тиражи, по одличните критики во француските национални медиуми...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И покрај стандардните одговори, остана мистеријата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Како да бев наследил дел од балканската историја со која Татко не можеше да излезе на крај и ми ја оставаше на разрешување, во мојата младост, сѐ до доцните години на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во распоредот на неговите книги можеа да се наслутат патиштата кои ми ги беше одредил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Всушност, неговата незавршена книга можеше да се смета и за еден вид дискретен и ненаметлив апел до идните генерации дека Балканот треба да почне да ја пишува својата историја низ бројните документи и сведоштва, наместо да чека да ја пишуваат новите победници! Новите јаничари...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од татковите книги можеше да се состави вистинска историја за козите и козарите на Балканот, на Медитеранот и во Европа...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)