клуч (имн.) - му (зам.)

Знаев дека тоа со клучот му беше филм како и сè останато во неговиот свет, во кој се беше толку невистинито што ни самиот веќе не можеше да препознае дали можеби од целата таа каша што ја направил може да извлече нешто вистинско.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Клучот му висеше околу гуша како крст.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потписите на некогашните или сегашните станари, вдлабнувани на изгнасените ѕидови со клуч му даваа на влезот некоја нота на историски музеј.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)