клуч (имн.) - кој (зам.)

Кадилакот означува и каза калауз - клуч кој отвара секакви брави катл-фермен - наредба за нечие погубување Коран и Куран - религиозна книга која го содржи верското учење на Мухамед, основен извор на исламот и на исламските закони, муслиманско Свето писмо курбан - жртва курназ - итар, дрзок, надуен куртул - спас
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но јас силно го чувствував притисокот на изгубените клучеви кои како да ја отвораа вратата на лавиринтот. Но и тоа мина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше врската клучеви која морав да ја оставам при излегувањето, на надлежност на вратарот, кој беше, исто така, на еден или друг начин за безбедноста поврзан со својата Централа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Цртежите од педесеттите се доста застапени во МОМА во изложбата „Мислењето како форма“; изложбата стреми кон целосен преглед на целокупните Бојсови дела на хартија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имаше во нивната судбина некаква горчина поради релативната отфрленост, како да беа за еднократна или двократна употреба, особено дипломатите по клуч кои живеејќи во довчерашниот сјај на високата мисија сега требаше да се провлекуваат со месеци низ лавиринтот на Министерството, да бидат забележани или да се најдат во некоја нова клуч- комбинација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Презентирајќи 180 примероци селектирани од огромниот опус од 10,000 до 15,000 парчиња, Темкин и Роуз сериозно ја потврдуваат важноста на цртежот во делото на Бојс: Цртежот, тврдат тие, е концептуалниот клуч кој ја отвора вратата кон комплетната уметничка продукција на Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Така значи, делото на Старова, не ни овозможува да откриеме само една капитална епизода од историјата на современото македонско општество, туку тоа ни го от­крива исто така клучот кој ќе ни помогне подобро да ги дешифрираме реакциите на овие соседи на југоисточна Европа, кои ни се истовремено толку блиски, но и толку мистериозни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)