Би рекол клучот беше направен од потта и од крвта што течеше од крвјосаните рамења и дланки на македонските селани.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Попусто - клучалката имаше тесно грло, клучот беше несигурен во старечките раце.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најпосле, кога нашата надеж дека Мајка го има вистинскиот клуч беше речиси при крајот, бравата на капијата прими еден од клучевите и од неа се ослободи спасоносниот звук на отворената капија на нашиот нов живот во градот крај реката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во моментот пристигна и Татко без ветениот клуч.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Драмата настапи еднаш кога ги понесов клучевите со себе и повеќе не можев никако да ги најдам. Со денови. Вистинска драма! По некој ден ги најдовме во машината за перење како силно одѕвонуваат на металната центрифуга. Овој звук најпосле ме смири. Клучевите беа конечно пронајдени!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но никој друг и да сакаше да ја отвори портата не можеше, бидејќи клучевите беа кај поп Јакова и само тој требаше да ја отвори.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ако се следеше текот на мајчиното сеќавање, според наследената врска на клучевите од напуштените куќи на предците на семејството, најстариот клуч беше од куќата на брегот на Јонското Море, чии води ја заплискуваа родната земја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сега, кога го имаше клучот од големата сиџилска тврдина, од таа тврдина од хартија, а клучот беше самиот тој, него сега го оддалечуваа...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)