клупа (имн.) - на (предл.)

Имаше и клупа на која ги врежав моето и нејзиното име, но повеќе ја нема.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Зад клупата на која седам помеѓу двајца безоблични и неподвижни стражари во бело, можеби само на чекор од мојот грб, слеана е во масив на бес страшна глутница од сите оние што ме следеле, што ме труеле и што ме довлекле во овој пекол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дедо Најдо, пред портата на улица имаше мала клупа на која излегуваше да седне за да улови некого за разговор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сликан е на истата оваа клупа на која тој сега седи, на денот кога заодел на училиште; на рамото држи шарено торбиче со книги; на капата му се гледа римски број I; облечен е во волнени бечви и антеривче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пред катедралата седна на една клупа на топлото сонце и остана таму под блажената животворна топлина, со затворени очи, целосен странец на сѐ околу себе, неврзан и необврзан кон ниту еден од туристите кои фотографираа, кон ниту еден од жителите на градот кои одеа некаде без брзање...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)