клупа (имн.) - до (предл.)

Учителката врвеше од клупа до клупа и ги разгледуваше цртежите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тука Хорацио, за прв пат откако седнав на клупата до него, се насмеа на својот препознатлив начин – широко, гласно, тупкајќи ме по рамото: Баш така, миличок. Црв во газот!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Полека-лека си легнавме на клупите, си ги испруживме ножулињата од клупа до клупа. Сонот како кивавица се ширеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)