клуб (имн.) - на (предл.)

Подмладокот на комунистите, клубот на младите литерати (веројатно зборот - "писател" асоцира на сиромаштија и тавански незагреани сопчиња, па комунистите мораа да измислат некој нов збор за овој занает), локалниот стрелачки клуб... во триесет години на неуспешна демократија, со оглед на тоа дека беше во центарот на градот, на зградата ѝ фрлија мерак политичките партии.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Шест слики од неговата серија на Авто-портрети се изложени во павиљонот на САД на Експо 67, Монтреал.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Април - Организира и продуцира мултимедиа шоу со Велвет андерграунд и Нико, германска пејачка и глумица; во прво време бендот е познат под името Plastic Inevitable, а подоцна и како Exploding Plastik Inevitable; настапуваат во Дом, ноќен клуб на плоштадот Св. Марк. Во галеријата на Лео Кастели се изложени „Тапетот со крави“ и „Сребрените перници“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А сега, повторно во твојот роден град, во Клубот на уметниците исполнет со твоите бои, на твојата секогаш преполна маса (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го сонцето во десниот џеб од панталоните, ниту пак жолтите облаци во шлицот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
1966 Го посетува Сан Франциско. Летото - го прави филмот „Девојките од Челси“, кој во Декември станува првиот андерграунд филм што е прикажан во комерцијален театар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)