Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
И додека загрижените членови на семејството гледаа, тој го дофати памучниот опаш на едниот од малите змејови, го врза околу појасот, го дофати клопчето од конец, ставајќи го едниот крај во уста, им го даде другиот на децата и се вивна горе, горе во воздухот, далеку во мартовскиот ветер.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но пред смртта ( за такви нешта никој не зборуваше, па сепак сите знаеја ), имаше рутина на признавање низ која мораше да се помине: ползење по подот и врескање по милост, пукање на скршени коски, избиени заби и крвави клопчиња од коса.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Клопчето од волна одмотано, нитките одвоени, разделени, подготвени за ново заплетување, ново плетиво, миленцето „Изгубен пат“ прооде, скршна во ново сокаче.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Воздухот се згуснува и врие од немајкаде клопчето од инсекти над ружите што лета здивува заканувајќи се.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
И потем се претворија во клопче од букви, а во средината на клопчето стоеше, вжарена буквата „Ж“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)