клисура (имн.) - во (предл.)

Во секоја вистинска песна на Абориџините има макар еден блесок на комета, има и оптегнати тетиви од кои како стрели фрчат сеќавањата, има и клисури во кои не се слуша како градските саати го мелат времето, а секогаш има и по некоја јамка за ловење на дивата месечина и друг дивеч.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Вест која радува: младост на обликот (Модилјани) ластерки на личотијата од нов вид - а прстите на цветаева невидливи врз тилот на долгата жешка зима – мимика на притивнат протест сѐ-на-сѐ антиграматика на очајот - спознај се самиот себеси и уште (асоцијации за вратот) теснец кој пулсира – притеснета надеж клисура во која одекнува контрабас а мажите аргонаути, крзнољупци верници од инакви светови не се откажуваат од потрагата: влезот во жената е бескрајно долг да биде волјата ваша слободна!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)