Во тој момент бев решена на секој начин да се борам против кичот во мене, иако не знаев зошто е тој толку многу страшен и треба да се искоренува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А, „марките” по кои лудуваа сите мои другарки, со кои беа полни убавите излози на бутиците и за кои рекламите беа најубави, не можам да кажам дека не ме привлекуваа. Напротив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А во салонот на тој бункер за одбрана на сладоста, свлечена пајажина од свилени неглижеа лежи распослана по меките дивани и длабоки фотелји, а од салонот, неколку порти водат директно во гнездата на заборавот, потонати во полумракот и згуснатиот кич во кој се задушуваат будоарите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тогаш погледот му паѓа на постелата од свилени чаршави под која се покажува влакнестата нога, потем и ликот на неговиот левантски двојник кој спие со сон на праведник и со задоволна насмевка на лицето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не случајно, на пример, таа разлика, според Ив Кософски Сеџвик, е она што ја определува разликата помеѓу кампот и кичот во прагматиката на дискурсот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Интересно е дека и самиот Хундертвасер се позанимавал со феноменот на кичот во своите списи „Лажна уметност“ и „Културно-политичкото право на моќ“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)