километар (имн.) - на (предл.)

Бродчето што се огласи на прозорското стакло немаше никаква врска со таму, со огромната метална конструкција, која со брзина од 60 километри на час плови по морето наречено Јадранско, тоа е тука: брод-играчка, што повторно ќе се јави секогаш кога ќе се најдам во иста розова кутија: во татковото крило, на височинката над Градот, со заспаната Ј.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На отворена линија, која се спровира низ густо населени места, експресот брза и со над сто километри на час.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Доколку не постои основ за соживот, ти преостанува само да викнеш специјална екипа (слична на Гоуст Бастерс) која има за задача на мирољубив и достоинствен начин да ја спакува целата фамилија, да ги замоли да влезат во еден голем кафез и да ги однесе на стотина километри на север.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)