кило (имн.) - ракија (имн.)

„Потроши некој денар“, вели, „купи кило ракија. Имам сливова од 52 степени“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Многупати на анџијата ќе му истуреа цела вреќа стока само за неколку кила ракија и вино. А и зошто да не? Таа не беше со пот заработена и со крвава мака спечалена.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Така мора да биде за да не оди по кафераните во Луксембург, каде што за едно лизнување на некаков алкохол се плаќа колку за едно кило ракија кај нас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)