Епизодата во која во една квечерина се појавува Нанчо кој чиниш во раширената прегратка има чиста вујковска љубов спрема внукот, а завршува со фатена вошка од јаката, не ги поматува тие денови.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Дури починуваше војската, летна квечерина се покажаа некои црвени ветрови низ полето што се нафрлија врз тревата Ја легнуваа, ја кршеа, ја фрлаа час ваму – час таму Ја креваа, ја корнеа од земјата Та до мајчина болка низ ветрот пиштеше горката коските како да ѝ ги расчинуваат.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во текот на денот противникот двапати тргна во напад. Цел ден сѐ до квечерината се бранеше Горуша.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
ЕДНА пролетна квечерина се најдов кај париските „Хали“ познат кварт на француската метропола по тоа што овде доскоро се наоѓаше „стомакот“ на градот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)