И сѐ е добро дури не дојде нашата школа да му натрапи на детето претстава дека сликањето значи боење на ситни квадратчиња во кои го ловиме светот како во мрежа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Јунското сонце беше сѐ уште високо на небото и долу во дворот исполнет со сончева светлина една огромна жена, цврста како нормандски столб, со мускулести црвени раце и со мокро утаре врзана околу половината, тупкаше горе-долу помеѓу едно корито и жицата за сушење алишта, простирајќи мноштво бели платнени квадрати во кои Винстон препозна бебешки пелени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
3. Нерамна игра
Триаголниците поаѓаат од ист центар
квадратот го ништат, правиот злокобен агол
еве ја шестката – превртливиот
и бескрајно лажлив круг со кука
со јаречки рог на врвот
наполу слепи, наполу видовити
прстите кратат
очите врзуваат
но, ја преминат ли/
кревката мрежичка на видливото
заборават ли на Играта, Домине
ќе гргнат невидливите нумери
сефироти, корени и децимали
деливи и неделиви
ќе го скршат јајцето под конец
бележитото ќе го издвојат
и неверното
фикцијата од тристашеесетишест степени
ќе ја расцепат на две-три-четири
ќе добијат полутки
опозиции, ѕвезда до ѕвезда
квадрат во квадрат – круг
магија, вавилонска перла
ниска по ниска
алка по алка, ала – слобода.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Умре ли? зачудено прашав сеќавајќи се за високата сенка на светлиот квадрат во визбата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Обликот на нејзиното лице потсетува на округлест, безаголен квадрат во кој беа заокружени, на едно место собрани сите нејзини особини, слични на сончевата лач: топлината, светлината и силната енергичност.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)