Не се сеќавам што сум можел да ѝ раскажам за себе, можеби сè освен играта, но тоа тогаш не е ништо, во еден момент се насмеавме, некој од нас прв се пошегува па потоа откривме дека ги сакаме истите цигари и Кетрин Денев, ми допушти да ја испратам до портата од нејзината куќа, пријателски ја испружи раката и се сложи да биде во истото кафуле во исто време следниот вторник.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Пред едно од кафулињата во улицата на црвените фенери застана чамец и од него уште неизлезен Вермер нарача капучино со многу пена и малку шеќер
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Веќе третпат се договара да се најдат на кафе во некое од кафулињата во центарот на Охрид каде што, додека седеа и разговараа, Едо со задоволство рагледуваше наоколу да види кој негови или нејзини познати ги виделе и како се однесуваат кон тоа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Млекарката излезе од платното и претрча до најблискиот киоск да си купи влажни марамчиња, да ѝ се најдат, ако, не дај боже, ѝ засолзат очите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)