кафез (имн.) - на (предл.)

Можеби восхитот наш ги исплаши тие сини бои во прелевање што бегајќи од кафезот на восхитот залутаа еве ненадејно во примката на зборовите да говорат за убавината на летот и за осамата на мирувањето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И така, се подели светот: на оние со сладост и милност на глувчињата во кафезите на својата глава, заслушани, со широки насмевки на лицето, со шепотни облачиња на усните, и на оние со затворени, згрчени усти, со очи ококорени, обезглавени, исплашени, вџашени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И се потсети на она што имаше чуено за кафезот на фараонот, кого кога го закопувале во гробницата, заедно со сите предмети што ги сакал кога бил жив, му го ставиле и кафезот со птици да му пее и во задгробниот живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Август стои пред кафезот на стариот лав Цезар; без мисла е, студен, со камен в гради, таму кај што имал во младоста срце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како да бевме во кафезот на егзилот!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мина три затруени години во кафезот на заробената слобода.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги минуваше последните денови како заточеник на слободата, осамен во својот престол, следен од повиците на своите верници: Маченик, маченик, маченик...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)