Тандаре-мандаре, ајце, дојдете вие селаните под пушка, гинете, нека ве јадат вошките, дајте сѐ што имате, а вие, пролетерите, де, кои си имате само по две раце останете си дома, по кафеаните во градиштата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Така мора да биде за да не оди по кафераните во Луксембург, каде што за едно лизнување на некаков алкохол се плаќа колку за едно кило ракија кај нас.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Стопаните си прават реклама а пак на посетителите им прави чест да кажат дека биле во кафеаната во која, како гости, престојувале значајни француски личности од литературата, уметноста и политиката...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Винстон сега не можеше да се сети како се најде во кафеаната во тоа време.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се најдовме во малата кафеана во градскиот парк. А беше несносна вруќина.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Откако свртеа неколку круга околу корзото, колку да видат и да бидат видени, се упатија кон "Кермез", кафеана во паркот зад стадионот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Бев изморен и измачен од театарската пиеса во кафеаната во која сите актери ги имаа научено улогите однапред, а само јас бев негативниот лик кој требаше да ја игра улогата како што знае и умее.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таа го сакаше мирисот што ја обземаше во тој миг, тоа не беше мирис ниту нејзин, ниту на Лилица , ниту на Андон, тоа беше некој мирис на ветрови што се раѓаат одвнатре и носат реа на пот и плодност, мирис кој тешко може да се именува, како кога ќе влезете во кафеана во која никако не можете да кажете од кое јадење е тој мирис што ве тера со стрв да подголтнувате, затскривајќи се тоа да не го видат другите.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Францускиот бенд, „Ејжен даб фондејшн“, побарале после концертот во кафеаната во која ќе ги полнат стомаците, рафално да стрелаат по келнерите со ќебапи, суфлаки и слични убиствени месишта подготвени на скара.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тезга за приказни Сѐ си мислам дека некој од Влада ќе прочита некоја моја приказна и, онака, меѓу редови, ќе разбере колку сакам да изнудувам аплауз на отворена сцена, макар качена на бина каде што свират музичари за свадби во кафеана во елитното Дебар маало.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Беше омажена со нејзин колега, келнер во една кафеана во центарот на градот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Всушност... седам сам и осамен во кафеана во која, со овие чудни години на пренаселување на градот, никого не познавам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Педесетина војници Албанци, вооружени само со штикови, поделени во 5-6 групи, а водени од фанатизирани граѓани од турската средина, под изговор дека и помагаат на војската што ги прогонува егзархистите и ги претресува нивните куќи, се нафрлиле врз затворените анови и кафеани во населбата “Вардар“, пљачкајќи сè што ќе најдат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И така секоја недела, од кафеана во кафеана, од пејачка на пејачка дури фативме болест.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Од старата кафеана во соседната улица се слушаше појака врева, придушено тропање на дајре, женски пискотлив глас.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ни се чини дека влеговме во битолската кафеана во која вчера ја слушавме истата песна што погромко ечеше од звучниците.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во крајпатната кафеана во Като Калиники (старото име му е Долно Клештени), ендопјите - така тука и во цела Северна Грција дојденците од Мала Азија, а и оние јужно од Олимп ги викаат староседелците - значи Македонците, ни рекоа дека патот за Костур преку Бигла е поубав и попријатен за возење.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Наближи до кафеаната во која често можеше да го најде и, само што ја отвори вратата, го забележа како седи во аголот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)