кафе (имн.) - на (предл.)

Зборовите од Адема му ја затресоа целата снага и веќе се гледаше невеста крај убавото Толе Кулиќево. Не можеше да го дочека ѓезвето да зоврие за да му го однесе кафето на Адема. Му ги избакна рацете и му благодари за големиот подарок кој утринава ѝ го вети.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Девојчето и дечкото што работеа таму беа баш фини, па убаво си разговарав со нив додека го пиев кафето на шанкот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- На спомнувањето на Томовото име, на Рада ѝ се истури кафето на маса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се измив од малкуто вода што ја чував во мала лимена канта со чешмичка, се облеков во онаа жолта летна блуза со куси ракави, која ја носев сите последни недела-две и која веќе требаше да се пере, потоа ставив кафе на плинското што стоеше во длабокиот прозорец како на масичка, и пиејќи размислував за одлуката што требаше да ја донесам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше груб кон татко ми, но јас не сакав да се откажам од него, сѐ додека еден ден не си го нурна клунот во кафето на татко ми, и тоа беше крајот на мојот миленик- паторот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Авторот излезе од ресторанот „Пушкин“, искачи нагоре до центарот, тука подзастана, поразмисли и заклучи дека заради прездивнување ќе слезе тука в десно и ќе оди да седне на уште едно кафе на отворено каде што беше вчера.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Еј, здраво Костадине, шо прајш? Јас на кратко поминав едно кафе на брзина да сркнам, бегам за Лерин, во дуќано на татко ни, треба да завршам некои работи...мило ми е, Тодор, Тодор Јовановиќ, а вие сте Петар, синот на Гули чевларот!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Посебен е Гули, посебен и особен...“ раскажуваше барменот на бистрото „Корзо“ на Широк Сокак бришејќи чаши, а Тодор Јовановиќ, братот на Томаица, кој помина да се напие едно кафе на брзина пред да замине на пат за Лерин го слушаше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И двете знаеја дека тоа се должи на разговорите што ги водеа додека ручаа или во неделите додека пие кафе на масичето во дворот заплиснувани од опојните миризби на цвеќињата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сите што поминале низ портата над која пишува дека Сиена ви го отвора своето големо срце знаат, сите без исклучок знаат, дека да одиш од град во град низ Тоскана е како да облекуваш различни костуми од еден ист кројач.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)