Тоа значеше дека атмосферата е пријатна и дека „састанакот“ ќе почне во добро расположение, иако никогаш не се знае дали во меѓувреме нема нешто да се случи што ќе предизвика нервоза, па дури и ситни кавги.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Дај уште по едно кафе за сиктер, па да си одиме. –рече Марија.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сите негови маки и незгоди се сведуваа на тоа: со влегувањето во занданата, тукашните го потсетиле на обичајот - да ги почести со по едно кафе за добредојде во „фамилијата“. Пази боже од ваква фамилија!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Стварно не ми е јасно зашто ги продаваат нивите у село и даваат по 100 000 еура за трособен стан у строг центар да се потат на 75 степена и да пијат кафе за 100 денара.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Портирот не праша од каде сте, не се интересира за пасошот, важно е прво да ве смести во хотелската соба, да ви ги покаже леглата: чистиот чаршав, јорган и перница, да наплати кога ќе си одите и дури да ве почести со едно убаво турско кафе за „алашверишот“ Хотелите во Истанбул се и скапи и евтини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За пиење кафе за време султан Мурат IV се губело глава.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајка ми свари кафе за нив двајцата, а брат ми купи кока-кола.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)