Тоа е најбројната категорија во земјава која спие до 12 и чекајќи да им падне работа од Господа го чекаат своето подобро утре без ништо да променат во својот живот, а потајно надевајќи се дека курајберите и ебиветерите некогаш ќе се смилуваат и ќе им го променат нивното статус кво.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Протегнувајте се, велат некои од нас - впрочем, стариот Зорба исто така ги протегнува своите категории во друга насока, кога допушта една папаја поетички да ја претставува целата класа Папаи, како меѓу поединечните примероци од секој вид да нема разлики - помеѓу Џо Папаја и Фред Папаја, на пример, да не ги споменуваме Фред и Гледис - кои во некои случаи се исто толку важни како и нивните линеовски сличности.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Двајцата кратко разговараа и наликуваа на актери од трета категорија во времето на златната ера на немиот филм на Бастер Китон.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
И обете категории во нивното единство биле замена за доброто и злото.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)