каталог (имн.) - од (предл.)

За нас дури беше поопасно испраќањето на писмото отколку евентуалното испраќање на каталогот од стоковната куќа Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Каталогот од изложбата (одржана скоро во Оксфорд), што го претставуваше индискиот поет и сликар Рабиндранат Тагоре, објави некои делови од есеите на Тагоре за национализмот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во почетокот, Ла Ринашенте го дополнуваше нашиот буквар, ги збогатуваше, на чудесен начин, сликите од изградбата на комунистичкиот социјализам во нашите учебници по запознавање на општеството, по географија, по историја, по марксизам, кои им контрастираа на сликите на една капиталистичка земја, посебно со каталогот од модата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)