касарна (имн.) - на (предл.)

Потоа, построени и со песна, токму напладне поминувавме по централната улица што води право кон пристаништето, свртувавме десно и, удирајќи строев чекор пред касарната на албанската воена морнарица, последното чекорно удирање го завршувавме под врбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Маријанти си отиде при крајот на септември и наредниот ден веќе не го слушнавме острото ѕвонење на парчето шина кое нѐ будеше во раните зори и трчаница, сѐ уште по мрак, носејќи го сонот во заспаните очи, моравме да се построиме на плоштадот и со строев чекор што побрзо да ја заземеме малата лединка лево од касарната на која секое утро, во пропишано време, припадниците на албанската воена морнарица истрчуваа на утринска гимнастика.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Доверливо му пришепнале на попот дека бригадата ќе почне да го чисти со огнена метла градот, од сивите германски касарни на Кале кон плоштадот под камениот вардарски мост, којзнае од кој ден запоседнуван од лажно сакати просјаци и секакви измамници и безработници со очи на кондори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
25. Нѐ затвораат во касарната на Демократската армија, а Филип Хаџиевски ќе рече: — Мајката, овие прописно нѐ затворија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред тоа пиеле од негова матарка вино со боја на месо и се мезеле со бајати пршки што ги зеле од некој орач за стар железничарски часовник со избришани бројки и без една стрелка но со живо срце под металниот оклоп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)