Баждар (не му го знаевме вистинското име) се исправи пред мене пречејќи ми да влезам во широчината со три накривени багреми, бедни во зеленилото и полни со мравки по испуканата и брчкава кора, со јама за ѓубре, со излупена каросерија на стар форд.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Покрај неколку скапани штици и ’рѓосани железа, во некогашната правлива гаража доминантен објект беше каросеријата на еден исто така бивш камион, кој сега со излупена боја, без прозорски стакла и тркала, заринкан во валканата темница демнееше како препотопско сениште, како страшен тотем на некоја изумрена цивилизација.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)