капа (имн.) - му (зам.)

Сликан е на истата оваа клупа на која тој сега седи, на денот кога заодел на училиште; на рамото држи шарено торбиче со книги; на капата му се гледа римски број I; облечен е во волнени бечви и антеривче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како сега да го гледам кај си шурка низ лозјево, кус, одвај капата му се гледа оддалеку.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од под зафрлената сива капа му ѕиракаше белузлава коса, остра и рамна, маслинасто-зеленикавите очи немирно му играа под свилестите клепки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тишината што снегот и така ја имаше распослано околу него беше уште попридушена, зашто дебелата волнена капа му беше навлечена над ушите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)