кандилце (имн.) - на (предл.)

А Баге, пак, сиот во модрици, од глава до петици, небаре паберка од модар патлиџан што го фатила зимска слана, така што кога го исправаа на нозе чувствуваше болка по сета снага, почнувајќи од табаните, натечени како ленени снопови во застоена локва, па до темето каде што во некој агол од малиот мозок уште му догоруваше кандилцето на свеста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Огледало каде што се отсликани тие добри и лоши нешта се очите – се изјасни старецот, накашлувајќи се. – Таму свети кандилцето на душата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Раницата ја истресе од наталожената прав и по некоја брбушка од глушец, а цокулите ги премачка со чисто крпче на кое капна троа масолца од кандилцето на мајка му и ги исполни однатре со навлажнет стуткан весник за малку од малку да омекнат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)