Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Камчето во матарката на Шишмана затропа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тој не забораваше пред голема радост или пред голем страв да го праша Србина да стави камче во матарката за да му затропа додека оди и да му го чува стравот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Не беше задоволен. Го извади камчето од кутијата, ја испразни матарката и го спушти камчето во матарката.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Камчето во матарката на Шишмана тропаше во некој чуден ритам од кој едниот од војниците почна да чувствува замор.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Така- така- такр- так, присторе камчето во кутивчето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Како продолжуваше да раскажува така тропањето на камчето во матарката на Шишмана, аритмично, му ја прекинуваше нишката на кажувањето секогаш каде што помалку треба.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Зашто тапото тропање на камчето во матарката на Шишмана, колку да беше стивнато, во ушите на Французот стануваше сѐ почујно.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Меѓу камчињата во реката можеш да си одбереш какви сакаш: елитични, мазни, поголеми или помали, бели или потемни, окер или црвенкасти.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Вангел Русјаков стои пред неа, зад него е Петре Караколев, и двајцата сакаат да фрлат некое камче во воденицата на Чана за да запре , ама не можат да погодат кога ѝ е затворена муцката, а кога ги кажуваат зборовите кога и таа лафе, нивните не се слушаат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)