Исто како оние што ги наоѓаат и ги берат на џадето, по ендеците, во бозјакот и бурјанот и на полјанките каде што ги разнесува ветрот. Тие не мрднуваат од место.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Насамо, кога се разбудувам во ниедно време, си зборувам; камионите кога поминуваат, трчам да го видам, чекам и за мене некој да фрли книга со добри вести за син ми, ете, за мене нема ништо...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во зацрвенетите и ненаспани очи на Пандо бликаат солзи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Без збор клекна, подигна раце и остана така молбено и болно и небаре занесена во таа молитва што не исцелува болка, шепоти, моли, сплетува прсти, ги притиснува до градите, се ниша де напред, де настрана...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)