камион (имн.) - бев (гл.)

По неколку дена, подоцна ноќта, во барот, неочекувано допадна Кинезот Као кој со својот камион беше вратен од Флорида, во Соединетите Држави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И така - не префрлија од албанските во југословенските камиони кои веднаш ги снемуваше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Одозгора камионот беше маскиран со зелена шума а оздола течеше крв.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тука, додека се уште гореа ридовите на Грамос, со камиони беа префрлени и сместени поразените и разоружени единици на ДАГ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Последните дождови го излокаа патот, а и движењето на камиони беше доста големо. Само да излеземе на друмот Божиград - Билишта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Последно дете што прескокна во југословенскиот камион беше моето братче, Коста.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Камионот беше преполн со преплашени луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)