калуѓер (имн.) - и (сврз.)

— Море, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло — одговори Јован и го ослободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува да тргне со него како негов четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ја одвоив сенката своја, душаа своја и му ја ветив на Господа и ја пратив во селото Бродец, на планината Кара Дак, таму стана светлина, а тука стана темно, како што и прилега на гробно место на последен калуѓер и на друг смртен, кој ја пие водата и го јаде лебот донесен за калуѓерот од ноќвите на манастирот, од сенката на жена во црно облечена. Без лице.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дотрчаа полковниците, отец Иларион, калуѓерите и другите од манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ах, проклет Наќо... - се возбуди и калуѓерот и почнаа обајцата да трчаат кон Наќо кој веќе влезе во просторијата која имаше излез и кон другиот двор накај шталите, но вратата беше заклучена.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
ПОП ЈАНЧЕ: Има еден збор: „сложни калуѓери и в сабота и в недела мрсат“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Со засипнат глас од кој и мртвите сенки се морничавеле, му раскажал што се случило. И паднал со пена на усните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се смилостивил калуѓерот и го качил пет-пари-човечето на својата магарица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
– Дали сте благословени од света Богородица, кога така го штитите името на нејзиниот премудар син, – одговори калуѓерот и го извади тефтерот од торбата и му го поднесе на поп Јакова, говорејќи му: – Ако милуваш да подариш нешто за света Богородица, запиши во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Од кој манастир идеш, оче? – го праша поп Јаков калуѓерот. – Од света Богородица – Трескавец, нека не има во раката – одговори калуѓерот и приседна и тој на плочата од еден гроб спроти селаните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Нека е на помош света Богородица – благослови калуѓерот и си го затвори тефтерот, па божем некако загрижен за овие добри рисјани што дадоа олку жито за Богородица, запраша: – Е, што мислите да правите ако ве нападнат пак Агарјаните? – и си го кладе тефтерот во торбата со имињата на водачите на бунтот. – Што мислиме, ние рековме, оче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)