калуѓер (имн.) - кој (зам.)

Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога наближив кон една долина криена меѓу плодови од лимони, грозје, портокали и смокви, кога го здогледав морето и кога застанав на брегот, почуден си реков: „Господе, како да сум бил тука, како да сум живеел тука на овој брег, до оваа стена и пештерата издлабена во неа, до манастирот и кипарисите извишени крај него, до параклисот од левата страна, полеан со молитвите на калуѓерите кои со запалени свеќи влегуваа и излегуваа од него, помазан од звукот на камбаната и клепалата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ви велам оти е можно, а еве како: Доаѓа време на Потопот, а јас, бидејќи сум грешен, се кријам под врвот на планината, во пештерата меѓу костените, до гробот на последниот калуѓер кој ја испушти душата своја некаде по последната Голема војна, ослободителна и револуционерна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Мм, да-а, скоро воздивна Баждар: - А калуѓерот кој кого што служев инаку говореше: „Туѓо ли е, ти не подавај раце. Ќе ти се исушат прстите.“
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)