калдрма (имн.) - на (предл.)

Се лизгаше по калдрмата на сокаците, но не онака како што ја знаев порано, туку една нова, воздушеста, истенчена жена, со чудна озареност на лицето, не баре лицето на Св. Богородица поширока од небесата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пред него и по него, коњицата на султанската гарда од јаничари ја корнеше белата калдрма на Скопје и го креваше правот што овде се таложел со векови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Калдрмата на мртвата улица беше покриена со жолт матен превез, беше стисната меѓу два реда кулиси.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бавно чекореше по калдрмата на која уште не беше започнал забревтаниот сообраќај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Не можам да разберам што ги тера луѓето да си ги кријат бакнувањата - беше нејзиниот сега веќе поотворен коментар проследен веројатно и со невина насмевка што можев само да си ја замислам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури најдов за потребно два-три пати да потчукнам со железцата на петите по калдрмата на Стара чаршија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)