Ја преполни куќата со цвеќиња–изобилство полско цвеќе, темјанушки, нарциси во вазните, зумбули, фикуси, филадентрони; кактуси во саксиите, дури палма и лимун чии прв жолт малечок плод го држеше на дланката како да се плашеше дека ќе исчезне.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
А кактусот во стаклена тегла чувај го, за да нема литри од солзи.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Беше загледан во празно и молчеше. Потоа полека се доближи до сивиот кактус во аголот и го сврте грлото на шишето.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)