кадро (имн.) - на (предл.)

Сега беше мигот да проговори за мајката Евдокија од Прилеп, ама кадрото на Димостен во неа ја врати во рамната Војводина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Услови за длабоко паѓање во сон, ама Пелагија, откако сама остана во одајката притисната до топлата снагичка на Пела, не можеше да го набрка непознатото кадро на Димостена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
По белите ѕидови немаше апостоли и ангели, туку со крфии заковани кадра на некои чичковци со строги погледи од зад големи окалки, а на местото од милата Богородица, една женичка во годините на мајка ѝ застаната на средината од ѕидот и со голема тетратка во рацете од каде ги вадеше имињата на децата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На враќање ни една од нив во себе немаа мисла за Дончо и за Митра, ни за тоа зошто ја немаше Чана, туку и во трите стоеше само кадрото на учителката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)