Некои од нив ги тераа како парламентарци да тропаат на портата, да им ги отворат за да им однесат порака од беглер-бегот и кадијата дека ќе им простат ако се предадат со добро, но сето тоа бунтовниците го знаеја однапред и не се лажеа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Мислеше кадијата дека од тој поголем бакшиш ќе нема за неговиот падишах. И така беше.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А, колку за потурчување, кажи му на твојот добар кадија дека робинката Анѓа главата ќе ја даде, ама верата не си ја менува; што сака нека прави. – Што вели, Ајшо? – тоа беше секојдневното прашање што и го поставуваше кадијата на Ајша уште од прагот на вратата кога си идеше од работа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кога виде кадијата дека со никакви бакшиши не може да ја соблазни, со сила не смееше, плашејќи се да не е маѓепсница и вештерка, какви што по тоа темно време ги имаше кај сите религии, реши да го измени режимот спрема Анѓа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)