Околу полноќ, по многуте попусти истрели во заштитничкиот камен, преку луѓето минал бран кобна тишина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но и во втората ноќ, иако неразбирливо и искинато, Селџик-бег пеел со ослабено грло за селењето на птиците и на човечките души.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја кренал здрвената рака забигорена до самото рамо и најпосле, како со туѓ показалец, го повлекол железното јазиче на кубурата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Трет нивни мртовец, рекол во себе давајќи му некое посебно значење на броењето небаре потоа полесно ќе можел да пресмета колку живи останале на целата човекова земја, но веќе сметката се менела: видел како паѓа уште еден од последен истрел во таа битка и видел како двајца од две страни со неприфатливо исти движења и исти искривени лица збрцуваат еден во друг презашилени алатки на смртта, едниот сличен на мртовецот пред неговите нозе, другиот неповторливо сив и влакнест, со обетка на увото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во еден часот попладне, додека се трудевме малку да отпочинеме по непроспиената ноќ, бевме изненадени од експлозија на повеќе бомби проследени со силни истрели во нашата непосредна близина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се сети на запалените бензиски складови, на високите фонтани, на истрелите во ноќта.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)