истражи (имн.) - бев (гл.)

Водечки модел на ова истражување беше работната станица развиена од страна на NASA-Ames, VIEW (Virtuel Interface Environment Workstation). NASA го употребува VIEW системот за телероботички задачи, така што некој оператор на земјата се чувствува втопен во една далечна, но виртуелна средина која му овозможува да ги гледа и манипулира со објектите на Месечината или Марс по пат на повратна спрега со робот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Боинг има план да проектира контролор на лет во виртуелен простор, така што контролорот плови илјадници метри над аеродромот, гледајќи со непопречен поглед во која било насока (додека всушност седи на земјата хранејќи се со правовремени визуелни податоци од сателит и повеќекратни глетки од камери).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Иако неговото истражување беше независно од нашата работа со концептот “друштвеност”, тој дошол до заклучок дека “големите простори треба да бидат кружни, бидејќи сите живееме во кружен свет (хоризонтот е околу нас) и нашите сетила се подобро прилагодени на кружен отколку на правоаголен простор”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)