Тој страхуваше дека последиците од „двоверството” односно „јаничарството” на Балканот можат да бидат најжестоки, пожестоки од тие што ги познава историјата во другите делови од светот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Антонио Коста Гомез, шпански писател El. Sol. Web. tv, 23.02.2013 Балканските книжевности, особено во последниве децении, се посебно означени со третирањето на историјата во нагласен книжевен контекст и тие се познати од европските читателски кругови и европската книжевна критика.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Токму на прашањата за поимот на историјата во постмодерен контекст, Башевски пронаоѓа решенија мошне поразлични од оние на Андриќ и Селимовиќ, а постмодерните аспекти на романот се согледуваат и во начинот на прикажување на конфликтот меѓу поединецот и заедницата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се насмеавме за сметка на тој европски, особено балкански обичај и така дознав дека д-р Астерид е дојден од Романија, како потомок на преживеани Евреи, дека по падот на режимот на Чаушеску допатувал и докторирал историја во Америка и дека го добил престижното место во Музејот, уште одамна решен дефинитивно да заживее на новиот континент.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
музиката ти се топи в уво од малку стравче и потем жежее, жеже како тазе чајче додека не ги прежеже здодевните несреќници кои ѓоа пресметуваат колку вистински солзи има во езерцата на градината мохри колку се оддалечува од себе човек кога ќе почне да се враќа во изгубеното детство. општо е познато дека во секое детство има многу неиспилени јајца и има стари зданија престорени во вкочанета историја во детството има и товари јаболка нагризени од боговите под што се подразбираат и некои волнести батки од најблиското соседство а последно што се гледа на хоризонтот на детството е накривената капа на сѐ што било и сѐ што ќе биде.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Откривајќи ги битолските кадиски сиџили, сведоштвата за долговечната отоманска историја во средишниот дел на Балканот, Татко имаше чувство дека исполнува нечиј завет... XXII Татко им се врати на сиџилите во битолскиот вакаф.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
За разлика од својата официјална историја во 101 книга, каде Никифор Правдољубивиот сето богатство на имагинативниот талент успешно го стави во служба на величање на непобедивоста и безгрешноста на Царството (со што конечно се избори, по десетгодишно темнување, да го пуштат од затвор), во „Тајната историја“ тој е одмазник, кој и инаку гнилата градба на Царството ја нагризува со отровните сведоштва за неминовната дегенерација на некогашните господари на светот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Таа ноќ била последна страница на историјата во Лесново, секако за дружината но не и за пештерците и за нивните жени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа плиснал дожд густ и кратковечен. И пак - ѕвезди.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тешко да не беа толку немилосрдни во осудата на Благуна, тешки да покажеа малку повеќе разум, трпеливост и љубов за ближниот па може мајка ѝ немаше да ја испратат да му се моли на Пенезиќ, па тој, лисецот, во безизлезната ситуација, да искористи да ја наведе да појде со него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А во тоа, во неспоменувањето на Благуна и на целата таа историја во врска со неа, жителите на Потковицата свесно и намерно ја сокриваат и својата вина, во себеси и пред себеси признаваа дека и нејзе и на сиот сој Јанчески им нанесоа голема неправда.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Едвард Кар има речено дека ќе бидат напишани многу супер книги за минатото, ама нема да можат да се наречат историја во смисла на наука.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Таа идеја силно ќе влијае на промената на историјата во светот, се надоврза Татко, Турците, од азиско потекло и како номади, биле добри коњаници, но слаби пешадијци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овие документи, кои ја немале судбината да се најдат во централните цариградски архиви, сметани од локален карактер, ќе бидат драгоцени сведоштва за некогашните времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ретки се личностите во историјата во чија лична судбина се проникнала толку силно и судбината на еден народ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко само се насмевна, Камилски се врати на своето место и продолжи: Вие со вашето откривање на битолските сиџили ја задолживте балканската историја во нејзините јужни земји.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Под густите сенки на манастирските палми, во миризливата јасминова градина, во играта на сините бранови, кои му го засилуваа чувството на живеење ја прелистуваше големата книга на животот во која беа впишани големите страници на историјата во која беше активен протагонист и во која додека беше сакаше со сите средства да си избори што повисоко место: изборената автономија, па независност од Мандес Франс и Франција, неговите историски односи и средби со своите современици - мароканскиот крал Мохамед V, саудискиот крал Фејсал, Шарл Де Гол, Тито, Ајзенхауер, Мандела, Кенијата, па дури и Франко, со кого се сретна во 1950 година...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Опсесијата да ја совлада историјата во Картагина, во која се вкрстувале императори и цивилизации, имаше добиено грандиозни димензии, кои не беа далеку од владетелската гротеска.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И кога небото ќе се ослободи од сонцето, попуштаат невидливите стеги, се рони питомата светлина на првите ѕвезди.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој ги продолжува татковите илузии, во соочувањето со новите налети на балканската историја во двете последни декади на XX век, кога пишувајќи трага по патот на враќањето од егзил, односно пристанува во дотогаш земјата без враќање Албанија, по падот на сталинизмот и енверизмот, односно последниот бастион на комунизмот на Балканот и во Европа, го остварува сонуваното враќање, како почесен граѓанин на родниот Подградец, на брегот на Охридското Езеро, во Албанија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И веднаш те плени помислата за историјата во чудесната екстаза: зарем таа не постои да го вознемирува човека!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во Ла Гулет, Хабиб Бургиба, јавнат на вистински бел коњ на 1955 година првпат стапна на туниско тло откако им ја донесе на Тунижаните долго посакуваната слобода.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се сеќавам на татковиот речиси аксиом кога велеше дека сите народи на Балканот имаат јаничарска историја во знакот на повеќекратното значење и преживување на јаничаризмот низ семожни метаморфози.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Медицинскиот државен удар ја спаси земјата од неговите илузии да го стигне местото во историјата, за кое повеќе немаше моќ, со што можеше да ја загрози стабилноста на малата држава под налетите на исламскиот интегризам кој експлодира во светот по големата петролејска криза во 1973 година.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не беше лесно Хабиб Бургиба да се врати од историјата во која беше брзо заоден и зајден.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Личиш ти на баба ми која од се срце не чекаше нас, внучињата нејзини да ни раскажува сказни, зашто и ти ја раскажуваш историјата во камен.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Ако претпоставиме дека механизмот на процесот досега беше точно опишан, тогаш кој е мотивот за ова огромно и детализирано настојување за запирање на историјата во еден точно одреден момент ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Татко веруваше дека, во својата Историја на Балканот, ќе најде начин да им се спротивстави на победничките истории во кои се величаа старите и новите граници, се бараа нивни промени.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Може да се рече дека оваа необична, шарена книга имаше најнеобична историја во Татковата библиотека.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Новата книга во Татковото вавилонско одајче, крај чардакот, го означуваше влегувањето, често враќањето на самата надеж, кога таа нѐ напушташе во времето на непредвидливите настани на историјата во нашиот дел од Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Нештата за кои зборуваме ние (“деконструкции”, ако сакате) не допираат во длабочината на она што ќе биде и што ќе се препознае како “историја”, историја во чијшто склоп се снаоѓаме со помош на периоди, епохи или преврати, мутации, појави, ломови, резови, епистеми, парадигми, themati (да ги споменеме најразличните и најпознати историографски кодови).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Овде би ве упатил на она што се обидов да го изнесам во текстовите De l’esprit i L’autre cap... 4Дали сакате да зборувате за последиците од антропологијата? 4Антропологијата како научен проект сигурно не е некоја задоволителна причина, како ни било кое знаење по себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Раскажувајќи го страдањето на моето семејство во балканската историја во XX век, обликував дел од нашиот семеен идентитет во кој се препознаваше Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во организација на УНЕСКО од 23 до 25 мај 1999 г. во Визби се одржуваше собир на истакнати балкански писатели за изучување на заедничките основи на историјата во училиштата на југоисточна Европа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Градот со долга историја во текот на еден милениум беше средиште на албанскиот идентитет.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јас не доцнев: - Религиозноста, другар А.А., има своја богата историја во Русија. Се разбира и атеизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)