историја (имн.) - кој (зам.)

Татко знаеше дека во сиџилите почива најмногу жива, незавршена историја која може да продолжи во сеќавањето на потомците.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го слушав Татко како, прв пат по толку години, се вмешува во обичната, во дневаната историја која на Балканот можеше да нишани кон кого сака и од каде сака...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, наместо кон Судот, така занесен, несвесно чекореше кон Институтот за национална историја кој не беше далеку од нашата куќа крај реката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во ова време најмногу се учи од историјата која вжештено тече во Цариград, во време кога се судираат две цивилизации и на повидок е нешто трето, за кое треба да се избориме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше и други елементи во прилог на стратегијата на Татко и Камилски да ја продолжат потрагата по тајната и мистеријата на новите турцизми, на кои не можеа да им се постават граници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но имаше и објективни познавачи на историјата кои ја застапуваа тезата дека и на самиот Балкан треба да се гледа како османско наследство, дури почнувајќи од самиот поим (балкан на турски значи шумовита планина).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Думбаровски ќе биде првиот во нашата историја кој жив ќе влезе во својот музеј,“ си шепотеше под носот, одејќи по улицата де лево, де десно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Симон ја открива својата судбинска задача, на своето родно село да му помогне обезбедувајќи му вода по примерот на предокот Никола Поцо, а истовремено со тоа тој за своето дело што го почнал добива архетипски мотив на вечна борба на човекот со природата како окосница на повеста на семејната и маказаречката историја кои меѓусебно се преплетуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нивната тага, колку и да била вистинска, се изземала од сериозна сфатеност, делумно затоа што машкото вдовство никогаш не може да го заземе она место во јавната светост што женското вдовство редовно го зазема (има ли таков ужален маж во американската историја кој го достигнал иконичниот статус на Џеки Кенеди?), а делумно затоа што геј-љубовта претставува јавен срамотилак, па така и болката на геј-љубовниците предизвикува презирни насмевки барем онолку често колку што изнудува солзи. ‌Геј-загубата никогаш не се воздигнува баш до височините на трагедијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вестите за трагични настани во Палестина ме поттикнуваа да ја ослободам од себе историјата која ја бев напластил во себе за време на мојата дипломатска мисија кај Арафат, но повторно нешто ме запираше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тогаш го одложував пишувањето за некои други времиња, следејќи го од далеку митот на трагичната величина на Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Агент и адвокат на историјата кој е свесен за тоа и кој знае што е за народот добро а што не е.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Додека првично книгата овозможува подобро да се разбере минатото (но и сегашноста) на вашата земја и Балканот, историјата која тотално ми беше непозната, на втор план, е параболата која се развива за иднината на народите во периоди на трансформации, а може да се однесува и на целото човештво.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека децата ја доживуваат радоста и страста поради сите овие можности: тоа овозможува во текот на пишувањето, да се спасат од сивилото и од заканите на историјата која е по малку легендарна и по малку митска.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)