историја (имн.) - го (зам.)

Балканската историја го повлече во својот лавиринт и тој повеќе никогаш не најде излез.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да му се понуди на еден идеолошки систем од комунистичка провиниенција кој за своја херојска историја го подразбира својот антифашистички ангажман - имиџ на симболот на “фашистичкото, то ест нацистичкото зло” завиткано во уметничка амбалажа беше суптилно испитување на можностите за слободно користење на извесни културни сегменти претходно цензурирани и забранувани, но и барометер кој покажа дека режимот за кој генерации и генерации југословени мислеа дека никогаш нема да замине од политичката сцена веќе беше на почетокот на својот крај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Иако историјата го памети претежно по неговите војнички способности, тој исто така покажувал интерес и за духовниот живот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Македонија, како дел од Европа, отсекогаш во историјата го привлекувала вниманието на ГОЛЕМИТЕ, пред сè, поради нејзината стратегиска положба.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во својата Историја го беше потцртал мислењето дека револуциите не се пресадуваат, а доколку тоа се стори е неизбежен незапирливиот процес на жртвувањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За среќа, кога имаше книга, Грдан не се чувствуваше сам; а учењето му одеше толку лесно што тоа не му претставуваше товар туку задоволство - учебникот по историја го читаше како криминалистички роман, а математичките задачи ги решаваше како да пополнува вкрстени зборови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во светот почна студената војна, малку години по заедничката борба на голем број земји против фашизмот. Историјата го чинеше своето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се вртев накај Влатко, Дејко и Љупчо, со поглед ги запрашував, ама сите креваа раменици.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ташко ништо не се жалеше - значи беше здрав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)